Skip to main content

Мицкоски: Стратегијата СМАРТ/МК 2030 го обликува патот на дигиталната трансформација на Македонија

Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030 е визија, но и јасен план. Таа е одговор на реалните предизвици со кои се соочува нашето општество и патоказ за тоа каква држава сакаме да бидеме во следната деценија, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Како Влада, дигитализацијата ја поставивме како еден од нашите клучни стратешки приоритети. Затоа што знаеме дека дигиталната држава е предуслов за владеење на правото и ефикасна борба против корупцијата. Кога процесите се дигитални, трагата е видлива, а одговорноста е јасна. Кога системите се поврзани, нема простор за злоупотреби, селективност или привилегии.

Стратегијата СМАРТ/МК 2030 го обликува патот на дигиталната трансформација на Република Македонија во согласност со нашите специфики, вредности и долгорочни државни интереси. Таа претставува детален и реален патоказ за надминување на развојните предизвици во областа на информатичко-комуникациските технологии и обезбедување забрзан дигитален развој во сите сектори – од јавната администрација, преку образованието и здравството, до економијата и локалниот развој.

Денес ја поставуваме основата. Нашата цел е јасна – паметна, дигитална и правична Македонија до 2030 година. Македонија што гледа напред, што инвестира во знаење, технологија и луѓе. Македонија што гради иднина, а не ја чека.

Поврзани вести