Skip to main content
Винодонија 2025 испраќа покана за патување низ светот на виното и крстарењата

Вкус на нови хоризонти: Крстарење низ светските меридијани со пет вина од пет континенти

Facebook / Skopje Wine Salon - Vinodonia

Скопскиот вински салон – Винодонија, годинава испраќа покана за патување низ светот на виното и крстарењата.

Винодонија 2025, 20 Декември од 18.00 часот, Хотел Мериот. Запознајте ја МАГИЈАТА на крстарењата и уживајте во вкусовите на избраните вина од пет континенти. Отвараме нови хоризонти – Крстарење низ светските меридијани.

Коузон ТРАВЕЛ и „Grand Cru“ ве канат на винско патување низ светот на извонредни вински вкусови и ароми, претставувајќи ги најдобрите вински региони од пет континенти и понуди за крстарења за 2026 година.

Бидете дел од нашата презентација и секако бидете дел од Винодонија 2025“, велат организаторите на најпрестижниот вински салоб во Македонија.

За време на Винскиот салон, „GoCruise.mk“ ќе ги претстави најпопуларните понуди за Крстарење за 2026 година.

„Grand Cru“, пак, ќе „спари“ специјално избрани вина од пет континенти со селектираните крстарења по петте континенти.

За да бидете дел од нашиот настан треба да резервирате место. Сакаме да ја споделиме нашата винска страст и магијата на крстарењата со најголемите и нај популарни cruises компании“, велат организаторите.

Винскиот салон Винодонија 2026, ќе се одржи на 20 и 21 декември во хотелот „Мериот“ во Скопје од 16 до 22 часот.

Билетите се пуштени во продажба и можете да ги набавите на следниот линк: https://vinodonia.mk/shop/

Поврзани вести