
Групата Нокаут им го подари на своите фанови најновиот сингл „Сонценце“, песна која носи топлина, надеж и позитивна енергија во студените декемвриски денови. „Дури и кога е студено, секој од нас заслужува свое сонце“, порачуваат од бендот во својата официјална објава.
ADVERTISING
„Сонценце“ е создадена од проверената екипа која стои зад бројните хитови на бендот:
Музика: Никола Перевски
Аранжман: Дарко Димитров / Никола Перевски
Текст: Игор Џамбазов
Снимање: Студио „NK Production“ – Скопје
Финален микс, постпродукција и мастеринг: Дарко Димитров
Продукција: Стидио – Димитрови
Комбинацијата од авторските потписи на Перевски, Џамбазов и Димитров уште еднаш резултира со емотивна, препознатлива и современа музичка изведба.
Видеоспотот за „Сонценце“ е целосно анимиран, што му дава уникатен визуелен идентитет и топла атмосфера. Режијата, сценариото и монтажата се дело на Никола Перевски.
Со „Сонценце“, Нокаут уште еднаш потврдува дека останува едно од најпрепознатливите имиња на македонската поп-рок сцена, бенд кој секогаш успева да креира песни што допираат до слушателите.

Македонски






