Skip to main content

Голема полициска акција насочена за сузбивање на илегални игри на среќа и незаконско работење на казина

Спроведена голема полициска акција насочена кон сузбивање на илегални игри на среќа и незаконско работење на казина.

При вчерашна полициска акција во доцните часови, биле извршени претреси на повеќе локации, при што биле пронајдени поголеми парични средства, како и опрема за коцкање, вклучувајќи маси за покер, чипови и карти.

Дополнително, при претресите била пронајдена и прашкаста и растителна материја.

Во акцијата е лишена од слобода поголема група лица, а по документирање на случајот лицата ќе бидат донесени до надлежното јавно обвинителство.

Поврзани вести