
Началникот во СВР Скопје, Сашо Топаловски ги смирува возачите дека толеранција во системот „Сејф Сити“ ќе има откако граѓани се пожалија дека добиле опомена за еден кимометар над дозволеното.
Тој вели дека ова е тест фаза и оти ќе се види која нивелација ќе се примени кај нас.
Законската регулатива за движење во градска зона е 50. Проценка на сите инжинери е дека при брзина од 50 километри на час секоја реакција на возачот е благовремена и смртните последици се невозможни. За од 0 до 10 километри на час казната е 10 евра или на половина 5, или онаа што е над 10 километри на час до 30 е 45 евра. Тоа се казни за да ви текне дека правите грешка и дека таа казна може да е кобна. Никој во МВР не може да одлучи колкава ќе биде таа нивелација туку системот ќе ни покаже кој ситем од другите земји ќе го земеме за репер. Сега само тестираме дали со 52 или 55 го добиваме нивото на безбедност. Ова и ние го знаеме и заедно со граѓаните планираме статистички да пресметаме и да објавиме кој систем на нивелација ќе го избереме. И камерите кои се нивелирани во Биро за метрологија покажуваа нивелација од еден до два проценти. Ги анализираме сите европски земји и заедно со граѓаните во една јавна дебата ќе одлучиме. Толеранција има и на сегашните радари. Да не се тревожат траѓаните, ова е тест фаза.

Македонски







