Skip to main content

Филмот „Фантази“, словенечко-македонска копродукција денеска има македонска премиера во Кино Фросина

Филмот „Фантази“, долгометражното деби на словенечката режисерка Кукла, денеска ќе биде прикажан во кино Фросина во 20 часот, во рамките на фестивалот „Синедејс“.

Филмот на осми август ја имаше својата светска премиера во официјална конкуренција „Синеасти на денешницата“, на 78. Филмски фестивал во Локарно, Швајцарија. Филмот е во продукција на „Децембер“ од Љубљана, а македонски малцински копродуцент е „Круг филм“ од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Дел од филмот е снимен во Крушево во 2023 година, со учество на бројна екипа од Македонија, меѓу кои како автори се јавуваат сценографот Михаил Панев, кастинг директорката Александра Кардалевска, актерките Марија Новак, Душица Стојановска-Настовска, а улоги остварија и Василка Костадиноска и Љубиша Бојовиќ. Продуцент од Македонија е Дејан Крајчевски.

Поврзани вести