Skip to main content

Пауновиќ нов селектор на Србија

Facebook/Fudbalski savez Srbije

Вељко Пауновиќ е нов селектор на фудбалската федерација на Србија, соопшти Фудбалскиот Сојуз на Србија. Тој во Стара Пазова, потпишаа договор со првите луѓе на Сојузот до 2030 година и ќе има поголеми овластувања во сите репрезентативни селекции.

Пауновиќ имаше успешна кариера како селектор на репрезентацијата на Србија до 20 години, кога на шампионатот во Нов Зеланд го освои првото место. Главна цел на новиот селектор ќе биде репрезентацијата да има стабилност и континуитет.

Новиот селектор веќе на два натпревара ја вршеше функцијата селектор на дуелите со Англија на Вембли (пораз 0:2) и победата над Летонија во Лесковац (2:1), како привремено решение за Драган Стојковиќ, кој поднесе оставка.

Пауновиќ е 12-тиот селектор на Србија.

Поврзани вести