
Началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов во гостување во Топ Тема на Телма истакна дека „Безбеден град“ засега функционира на цела територија на Град Скопје.
Активиран е електронскиот систем за детектирање на сообраќајни прекршоци, до крајот на месецот планираме да се активира истиот систем и во градовите Куманово и Тетово, а веќе од следната година истиот систем ќе биде имплементиран на територија на цела држава, објасни Маја Арсовска-Манов, Началник на Сектор за сообраќајни работи во МВР.
Опремата е поставена и на Коридорот 8 и 10 и во секој момент се очекува да почне детектирањето на сообраќајните прекршоци и таму.

Македонски







