Skip to main content

Нејмар се разигра откако се врати дома во Бразил

 Сантос синоќа го победи Хувентуд со 3:0 во 37. коло од Бразилското првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „Алфредо Џакони“ во Каксијас до Сул.

Трите гола за гостинскиот тим ги постигна Нејмар: во 56-тата, 65-тата и 73-тата минута. 

Триесет и тригодишниот Бразилец сега има 11 гола и четири асистенции во 27 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања. 

Кон крајот на ноември, беше објавено дека Нејмар ќе го пропушти остатокот од 2025 година поради проблеми со коленото. Играчот се повреди кон крајот на ремито 1:1 со Мирасол и пропушти еден натпревар потоа. Сепак, тој потоа постигна гол во победата од 3:0 над Спорт Ресифе и објасни дека решил да игра за да му помогне на тимот да го задржи своето место во Првата бразилска лига.

Сантос со 44 бода се искачи на 14. место на табелата. Хувентуд е на 19. место со 34 бода.

Поврзани вести