
1 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.
ДИЏЕЈ АХМЕТ
(DJ Ahmet)
Игран филм, Македонија
2025, 99 мин., колор, ДЦП
Режија: Георги М. Унковски(Georgi M. Unkovski)
Сценарио: Георги М. Унковски (Georgi M. Unkovski)
Улоги: Ариф ЈАКУП, Агуш АГУШЕВ, Аксел МЕХМЕ, Дора Акан ЗЛАТАНОВА (Arif JAKUP, Agush AGUSHEV, Aksel MEHME, Dora Akan ZLATANOVA)
Ахмет, 15-годишно момче од јуручко село во Македонија, наоѓа засолниште во музиката истовремено справувајќи се со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница во која живее и првото љубовно искуство – девојка веќе ветена на друг.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
1 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
ПАРТЕНОПА
(Parthenope)

Игран филм, Италија
2025, 99 мин., колор, ДЦП
Режија: Паоло Сорентино (Paolo Sorrentino)
Сценарио: Паоло Сорентино (Paolo Sorrentino)
Улоги: Селесте Дала Порта, Стефаниа Сандрели, Гери Олдман, Силвио Орландо, Луиза Раниери, Пепе Ланѕета, Изабела Ферари (Celeste Dalla Porta, Stefania Sandrelli, Gary Oldman, Silvio Orlando, Luisa Ranieri, Peppe Lanzetta, Isabella Ferrari)
„Партенопа“ е интимна епска драма што го следи животот на истоимената жена, родена во 1950 година во Неапол. Иако го носи името на митската сирена Партенопа, нејзиниот живот е далеку од мит: таа преживува љубови — вистински, невозможни, тивки, страствени — но и празни страсти, страдања, повторни почетоци. Сорентино го користи Неапол како жив пејзаж и симбол — град што мами, повикува, пее, но истовремено боли. Партенопа се стреми кон слобода, кон откривање на својата идентитетска нишка и кон среќа, додека времето ѝ подава и шанса, и предизвик. Гери Олдман во филмот толкува улога на американски писател Џон Чивер (John Cheever), кој се појавува во животот на Партенопа како “меланхоличен, пијан поет”.
Сорентино го потпишува „Партенопа“ како една љубовна, екстремно визуелна и емотивно наситена „ода“ на неговиот роден град — Неапол.
Режисерот го гради својот филм со богат барокен стил: бои, кадри, костими – сé е длабоко естетизирано и длабоко чувствително.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

Македонски






