
Со повеќе од 500 различни вина, изложени од над 70 винарии од Македонија и други вински земји, овогодинешното, деветто по ред, издание на Скопскиот вински салон – Винодонија ќе понуди ексклузивнно винско доживување во предновогодишна атмосфера.
Ова престижно винско случување ќе се одржи на 20 и 21 декември (сабота и недела) во Хотел Мериот Скопје во убава атмосфера.
Влезниците за претстојната Винодонија 2025 се пуштени во продажба и може да се набават на https://vinodonia.mk/shop/
Организаторите на Винодонија 2025 ги повикуваат сите љубители на виното да дојдат на салонот да ја споделат својата винска страст.

Македонски






