Skip to main content
dS1lh6WwnAY

Додека граѓаните се жалат дека не ги добиле парите од Мој ДДВ, од УЈП тврдат дека исплатата е во тек

Додека повеќе граѓани се жалат дека се уште не им е исплатен повратот на ДДВ од скенирање сметки за третото тромесечје, од УЈП уверуваат дека застој во исплатата нема, откако на почетокот на неделата најавија дека парите од Мој ДДВ ќе легнат на сметките на граѓнаите до крај на месецов, поточно заклучно со денеска.

Заклучно со вчера исплатени се 552 милиони денари на сметките на граѓаните по основ на Мој ДДВ, а подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари, информираше денеска директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова.

Кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата, но тоа, според Петрова, се должело на технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е на пример невалидна трансакциска сметка.

Процесот за Мој ДДВ е во тек. Сега треба да се реализира повратот за третиот квартал заклучно со 30 септември. За да започнеме со обработка на налозите почнуваме после поднесување на пријавите во септември. Може да дојде до определени застои кај некои физички лица за кои не е валидна трансакциската сметка што ја поднело лицето, односно технички проблеми кои не зависат од УЈП – појаснува Петрова.

Во однос на повратот на ДДВ за компаниите, заклучно со вчера реализиран е поврат од скоро 500 милиони евра. Петрова вели дека тоа е контиуниран процес и дека налозите се изготвуваат за оние компании кои не се ризични, додека кај некои компании процесот трае подолго затоа што мора да се направат надворешни контроли.

Околу половина од дополнително утврдените даноци што не биле правилно пресметани и правилно пријавени од страна на даночните обврзници се однесуваат за ДДВ. Кажав дека имаме околу 60 милиони евра дополнително утврдени даноци во периодот јануари – октомври, од нив околу половина се однесуваат на Данокот на додадена вредност што значи дека мораме да ги правиле даночните контроли бидејќи на тој начин штитиме од буџетот да не се исплатат неосновано пари – вели Петрова, додавајќи дека секоја контрола зависи од големината на компанијата и дека некогаш е потребно и проширување на контролата.

Во однос на реализацијата на планот кај даноците, Петрова вели дека за периодот јануари-октомври имаат успешна реализација од околу 99 проценти кај данокот на додадена вредност и околу 95 проценти кај данокот на добивка. Кај данокот на личен доход, каде има помала реализацијата во однос на планираното, Петрова вели дека имаат многу активности што се во тек, а со кои очекува да се подобри реализацијата и во овој дел.

Поврзани вести