Skip to main content

Се шират лажни пораки за поврат на ДДВ, не наседнувајте

МИА архива

УЈП со важно известување за граѓаните. Апелираат граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на лажни пораки за поврат на ДДВ.

-До граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк.

Доколку ја добиете оваа порака, НЕ ГО ОТВОРАЈТЕ ЛИНКОТ и не внесувајте лични, банкарски или други чувствителни податоци.

Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.

Ги повикуваме граѓаните сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на Управата за јавни приходи, односно преку официјалната веб-страница www.ujp.gov.mk, официјалните е-услуги и официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви.

Официјална е-пошта: [email protected]

Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори) / 02 3253 200

Официјална веб-страница: www.ujp.gov.mk

Не кликајте на линкови од сомнителни SMS пораки и не споделувајте лични или банкарски податоци.

Споделете го ова известување со вашите блиски за да се спречат можни злоупотреби, напишаа од УЈП на Фејсбук.

Поврзани вести