Skip to main content

Во Театар Комедија вечерва премиерно „Ивона, принцезата на Бургунд“

Театар Комедија вечерва, на 28 ноември премиерно ќе ја изведе претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“ што ќе биде деветта премиера на театарот во оваа година. Претставата е по текст на полскиот автор Витолд Гомбрович, во режија на Билјана Радиноска и Александар Ивановски.

На премиерата ќе биде промовирано новото гледалиште во театарот кое е реновирано со финансиска поддршка од Амбасадата на Полска во Скопје. Салата за публика има 305 нови столчиња и обновен под.

Претставата е македонска премиера на текстот на Гомбрович и е реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Полска во Скопје и Институтот „Адам Мицкјевич“ од Република Полска.

Во претставата играат: Елена Кузманов, Сергeј Димоски, Кристина Христова Николова, Мирјана Поповска Ристов, Кристина Ласовска, Ева Скeндеровска, Виктор Арсов, Роберт Ристов, Илија Илиоски и Александар Велјановски. Костимограф е Ивана Каранфиловска Угуровска, сценограф – Војдан Запров, композитор – Оливер Јосифовски, одговорен за дизајнот на светло – Милчо Александров.

Театар Комедија ќе ја заврши сезоната со десетта премиера – претставата „Ана“ во режија на Нина Николиќ. Со околу 120 изведби годишно и приближно 33 000 гледачи, Театар Комедија, основан во 2011 година, е меѓу најпосетените театри во државава.

Поврзани вести