Skip to main content
dS1lh6WwnAY

Среде Скопје ќе се организира протест за УЧК и Хашим Тачи, поддршка ќе даде и Ахмети

Хисни Гуцати, претседателот на Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово изјави дека следниот протест ќе се одржи во Скопје, од каде што ќе биде испратена „силна порака“, објави косовски „Фронт Онлајн“.

„Познато е дека веќе протестиравме неколку пати на различни места, шест или седум протести по ред, сега следниот е во Скопје, каде што ќе одиме силно“, рече Гуцати.

Протестот е планиран за средината на декември

foto X

Овој протест е поради одлуката на Специјалниот суд во Хаг за почнување на судски процес против основачот на УЧК Хашим Тачи. 

Поддршка на протест во Скопје ќе даде и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Поврзани вести