
Маж вечерва е удрен на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“. На социјалните мрежи е објавена снимка од местото на несреќата. Повредениот човек седи на коловозот, додека минувачи се обидуваат да му помогнат.
Се очекуваат повеќе детали од МВР.
Ова е втор случај месецов да биде удрен пешак на овој пешачки премин, откако возач а џип прегази жена и избега од местото на несреќата. Тој подоцна беше уапсен на патот кон Средно Водно.

Македонски








