Skip to main content

Изложба „Модерни и многуоблични“ во Прилеп

На 26 ноември, среда во 19 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „ Модерни и многуоблични “. На изложбата со дела ќе се претстават академскиот вајар Славчо Павлоски (Прилеп) и студентите на ФЛУ Бранко Mанчев, Ванеса Ода и Вероника Цветаноска.

Модерната уметност е изразителен и широк поим што содржи различни стилови, техники и концепции во уметноста од почетокот на 20 век. Таа се разликува од класичната уметност, поради својата иновативност, експериментирањето и фокусот на современите теми и искуства. Оваа уметност често го претставува духот на современоста и реакциите врз социјалните, политичките и технолошки промени.
Проектот ја претставува модерната уметност во скулптурата, графиката и сликарството. Ова е изложба која ги претставува разновидноста и комплексноста на модерната уметност, вклучувајќи различни стилови, техники и изразни средства. Исто така вклучувајќи ги и необичните и неочекувани моментни во делата, чисто авторски и експериментални. Вклучувајќи ја линијата, плохата и експресивноста на боите, ни објаснува за експерименталноста на авторите во своите подрачја. Различните аспекти на гледање на делата од страна на авторите во оваа многуоблична дејност, е токму тука претставена со различни техники и медиуми. Исто така се очекува од гледачот да ја разбере таа експерименталност која го следи целиот проект.

Со оваа изложба се истражува богатата разновидност и креативна комплексност на модерната уметност, вклучувајќи ги трите основни медиуми на уметноста, преку различни авторски изрази, изложбата ги осветлува необличните и експериментални аспекти на овие уметнички форми.

Поврзани вести