
Во две приватни училишта и музеj во Скопје утрово пристигнале електронски пораки за поставени бомби, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Полициските проверки покажале дека се работи за лажни пријави.
Откако утрово во 9 часот е пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта и музеј во Скопје се пристигнати пораки за наводно поставени експлозивни направи, веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, велат од СВР Скопје.
Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за тероризам, преку секторот за меѓународна полициска соработка врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта, односно од каде се испраќани лажните дојави за бомби.

Македонски








