
Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон верува дека Џенаро Гатузо е најдобриот избор за репрезентацијата.
– Сите ја сакаме италијанската репрезентација. Глупавите споредби меѓу сегашните играчи и минатото само ги прават да се чувствуваат инфериорно. Ајде да размислиме кој има корист од ова. Дали Гатузо е вистинскиот тренер?. Секако. Тој е вистинскиот тренер, тој е најдобрата личност што можеше да биде избрана. И вие новинарите го знаете тоа, рече Буфон.
Под водство на Гатузо „Азурите“ ќе се соочи со плејофот во квалификациите за Светското првенство во 2026 година

Македонски








