Skip to main content

Демне опасност од поплави: Доаѓа нов бран на обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините

Под влијание на циклонска активност од Џенова но и продор на поладен воздух од север овој викенд ни следува поголемо заладување на времето особено утре (Недела 23 ноември). Токму оваа циклонска активност кај нас ќе донесе нови обилни врнежи од дожд на повеќе места во Македонија а можна е и појава на грмежи и силен ветер од јужен правец. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме, прогнозира Славчо Попоски.

Се очекува локално да наврне големо количество на дожд, и тоа над 35 литри дожд.

И во Скопје и околината овој викенд ќе имаме повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен јужен ветер и со услови за појава на грмежи. Поради заладувањето особено ноќта кон недела и во недела 23 ноември на планините над 1200 метри врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и очекувам формирање на снежна покривка, објави Попоски.

Што се однесува до температурите тие од недела ќе бидат во позначително опаѓање и максималните дневни температури кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 5 д 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.

Поради очекуваните нови обилни дождови во Македонија повторно растат условите за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а постои опасност од нови поплавувања.

Попоски апелира возачите да внимаваат како управуваат со своите возила а тоа значи да не се движат покрај водотеците и тоа поради очекуваните нови обилни дождови.

Поврзани вести