Skip to main content

Mицкоски од Тирана: Останувме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка

Премиерот Мицкоски денеска присуствуваше на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.

Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан, напиша Мицкоски.

Поврзани вести