Skip to main content

Рускиот државен грб со закон ќе мора да содржи крстови над круните

До Државната дума на Русија е поднесен закон со кој ќе се бара задолжително вклучување на крстови на државниот грб, над круните и сферите во секое негово прикажување. Автор на иницијативата е претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.

Според него, имало поплаки дека грбот понекогаш се прикажува јавно без крстови или со нешто друго наместо нив. Амандманите треба да го сменат ова и со закон да ја зачуваат симболиката како што е предвидено.

За потсетување, во јули претседаелот Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува употреба на слики од цркви, џамии, синагоги и официјални хералдички симболи без религиозни симболи. Тоа значи дека крстовите повеќе не можат да се замаглуваат или да се заменуваат со други елементи на постери, билборди, пакувања на производи, реклами и веб-страници. Исклучок е направен за историски слики: ако крстовите не биле присутни во минатите векови, тие не треба да се додаваат.

Поврзани вести