
16 НОЕМВРИ (НЕДЕЛА) 19:00 ч.
ДЕНОВИ НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ
ВОТАКОИ: ЉУБОВТА Е ТЕШКА ЗА ОТАКУ
(Wotakoi: Love is Hard for Otaku/ )
Игран филм, Јапонија
2020, 122 мин. Колор, Блу Реј
Режија: Јуичи Фукуда (Yuichi Fukuda)
Сценарио: Јуичи Фукуда (Yuichi Fukuda)
Улоги: Мицуки Такахата, Кенто Јамазаки, Нанао, Такуми Саито (Mitsuki Takahata, Kento Yamazaki, Nanao, Takumi Saitoh)
„Вотокаи: Љубовта е тешка за отаку“ е музичка романтична комедија од 2020 година, адаптација на популарниот веб-манга серијал. Филмот е во режија на Јуичи Фукуда, познат по ексцентричните адаптации. Ова е приказна за четири отаку (луѓе со опсесивни интереси, особено аниме, манга или видеоигри) кои се обидуваат да балансираат помеѓу нивниот корпоративен живот, тајните хобија и романтични релации, во свет каде што стигмата околу “нерди” културата го отежнува нивното секојдневие.
Приказната ја следи Нарми, која раскинува поради нејзините отаку интереси. Таа започнува нова работа и случајно се сретнува со Хирока, пријател од детството кој никогаш не ѝ кажал за неговите симпатии кон неа. Тие брзо се поврзуваат преку заедничките страсти: таа сака да дискутира за манга, тој да игра RPG игри до наутро. Хирока ѝ предлага “отаку врска” – да излегуваат заедно, но да остане тајна за колегите. Но, реалноста е полна со предизивици: Нарми се плаши од осуда, Хирока е емоционално затворен, додека споредниот пар, нивните другари, бучната Ханака и иритантниот Кабакура – додаваат хаос со нивните кавги и скриени Отаку тајни (тој собира манга, таа сака косплеј). Филмот е полн со референци кон аниме (како *Gundam* и *Final Fantasy*), бојс-бенд перформанси и сатира на корпоративната Јапонија, каде што отаку се сметаат за “фрикови”. Филмот не е самo романса, туку и коментар за стигмата.
Јуичи Фукуда (Yuichi Fukuda) е роден во 1980 година во Токио, Јапонија. Дипломирал на Одделот за филм на Универзитетот за уметност во Нихон, каде што се специјализирал за режија и сценарио. Неговата кариера започнува во 2004 година со кратки филмови и ТВ-серии, но пробивот го прави со ексцентричната комедија „Хентаи Камен: Забранетиот супер херој“/ Hentai Kamen: Forbidden Super Hero (2013), базирана на манга, која стекнува култен статус и добива свое продолжение во 2015.
Фукуда е познат по хиперактивниот стил, со кој комбинира слеш-оф-лајф елементи со претерувања, музички сцени и сатира на поп-културата, често со акцент на апсурдниот хумор и социјални коментари. Негови позначајни дела се „Гинтама“/Gintama 1 и 2 (2017 и 2021), адаптации на популарната манга-аниме франшиза; „Воздушна кукла“/Air Dol (2009) и „Државна тајна: Убиство во мислите“/The Top Secret: Murder in Mind (2016). Фукуда се смета за еден од најинвентивните режисери на современата јапонска кинематографија, со неговата тенденција да ги меша жанровите.

Македонски








