Skip to main content
Став на ВМРО-ДПМНЕ

Трајановски не е промена за СДС, реформа е можна само со оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски.

Само неговиот партиски другар Трајановски кој влезе во изборите знаејќи на самиот старт дека е губитник, прифати да биде потпретседател на СДС.

Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека за СДСМ едно е јасно – промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче.

Се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите,  забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема.

И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти и вили заедно со Филипче и Заев.

Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести