
Капитенката на македонската женска кошаркарска репрезентација Анџелика Митрашиновиќ дојде од бројка од 419 поени, со кои го надмина рекородот на Моника Гавриловска (403 поени).
Митрашиновиќ вчеравечер во поразот со Грција постигна 23 поени и стана најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација.
Нормално дека ми е драго кога ќе го чујам тоа. Макар, еве досега, до овој момент не ни помислив, не сум ни размислувала за една ваква работа, … Сепак, тоа е еден огромен успех, на личен план. И да, не сум навикната да зборувам, лично за себе, подобро е другите да зборуваат, оценуваат, коментираат“, изјави новата рекордерка во македонската репрезентативна кошарка.
Митрашиновиќ го одигра својот 33. натпревар во националниот дрес, па извесно е дека ова нејзино постигнување од натпревар во натпревар ќе расте.

Македонски








