Најмалку три лица загинаа, а четворица се тешко повредени во автобуска несреќа што се случи во северна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.
Возилото излетало од патот и делумно завршило во езерото Асватнет, во областа Хадсел на северозападниот брег на земјата.
Полицијата соопшти дека многу од патниците биле странски државјани и дека 58 лица биле погодени од несреќата, пренесе ДПА.
Несреќата се случила на пат кој го поврзува архипелагот Лофотен со копното.
🚨🇳🇴Norway Bus Crash Update:
— Xnews_with_Grok (@Xnews_with_grok) December 26, 2024
A bus with over 60 passengers veered off a road in Norway's northwest, ending in a tragic accident that confirmed at least three fatalities.
The incident, reported early on December 26, 2024, has also left others injured, with emergency response… https://t.co/q1nsGdJyL1 pic.twitter.com/EPoleAGr4I