
Срѓан Јездимир (45), еден од најпознатите нарко-босови, познат и како српски Ескобар, кој е на судење во Јужна Америка и во Србија, е осомничен дека шверцувал 10 тони кокаин од Еквадор во Европа во периодот помеѓу 2019 и 2021 година!
Според јужноамериканските медиуми, Јездимир го координирал транспортот на големи пратки, а бил врзан со лисици во Еквадор на 20 ноември минатата година во спектакуларна полициска акција наречена „Евро 2024“.

Балканскиот картел, еден од чии водачи бил Јездимир, користел телефони со некогаш заштитената апликација Скај, преку која го организирал транспортот на дрога – објавува порталот Екуависа и додава дека картелот е обвинет за организиран криминал и меѓународен шверц со дрога.
Истрагата утврдила дека тие испрале дури четири милиони долари и дека отвориле компании преку кои ги транспортирале парите во Германија и Шпанија.

Македонски








