Skip to main content

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Скандалот со непотребно извршените кардио-хируршки операции мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал, реагираат од СДСМ.

Министерот за здравство се уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа. Објаснувањето дека нема да се откриваат имињата затоа што извештајот не бил конечен, остава простор за манипулација со фактите и за менување на наодите. Ваквото презентирање на истрагата и наодите е скандалозно, велат од СДСМ.