
Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ организира промоција на својата јубилејна монографија: „75 години Танец“-Монографска презентација на архивската граѓа од архивот на Н.У Ансамбл за народни игри и песни „Танец“
Ова значајно издание, кое го трасира богатиот пат и наследство на „Танец“ во текот на седум и пол децении, претставува ризница на документи, фотографии и сведоштва за неговата културна мисија како најзначаен презентер на македонското фолклорно творештво.
Детали за настанот:
- Датум: Среда, 20.11.2025 година
- Време: 18 часот
Место: НУ НУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-СКОПЈЕ
Во просториите на новата Мултимедијална читалница.
По повод прославување на 75-годишниот јубилеј на Ансамбл „Танец“ (основан во 1945 година) и претставување на капиталното монографско дело, кое е резултат на темелното истражување и архивирање на историската граѓа на институцијата.
Повикуваме сите медиумски куќи, новинари, уредници и културни работници да присуствуваат на промоцијата и да помогнат во ширењето на веста за оваа важна монографија, која трајно го документира „македонскиот код“ негуван од „Танец“
Ве очекуваме!, велат од „Танец“.

Македонски








