Skip to main content

Англија го доби домаќинството на ЕП 2028, дали конечно ќе го освои?

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го коментираше во Лондон лансирањето на брендот за Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Обединетото Кралство и Ирска.

– Фудбалот е универзален јазик. Тој изразува страст, вештина, храброст, солидарност и почит подобро од кој било друг јазик и постојано нè потсетува дека токму нашите разлики го прават нашиот спорт толку убав. На Евро 2028, сите ќе го зборуваме јазикот на фудбалот – гласно, јасно и обединето“, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на официјалната веб-страница.

На Евро 2028 ќе учествуваат 24 екипи. Ќе се игра 51 натпревар на осум стадиони во Велика Британија и еден стадион во Ирска. Воведниот натпревар на турнирот ќе се одржи на Националниот стадион на Велс во Кардиф

Поврзани вести