
На конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Македонска Каменица се верификувани мандатите на новоизбраните 11 советници, со што официјално започна четиригодишниот мандат на советничкиот состав. На седницата, со мнозинство гласови, за претседател на Советот беше избран Злате Алексовски.
Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, им упати искрени честитки на новоизбраниот претседател и членовите на Советот, посакувајќи им успешен, одговорен и плоден мандат исполнет со конструктивна и посветена работа во интерес на граѓаните.
Очекувам Советот и понатаму да работи со посветеност, транспарентност и со искрена заложба за реализација на проекти што ќе придонесат за просперитет и развој на нашата општина, како и за унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани“ истакна градоначалничката Стаменкова во своето обраќање.
Со изборот на претседател и верификацијата на мандатите, Советот на Општина Македонска Каменица го означи почетокот на својот нов мандатен период. Во наредниот период, советниците ќе имаат задача да ги усвојат приоритетните програми за работа, буџетот за 2026 година, како и повеќе локални планови и иницијативи насочени кон подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и условите за живот во сите населени места во општината.
Новото раководство најави отвореност за соработка со сите институции, невладини организации и граѓани, со цел заедничко креирање политики кои ќе го поттикнат локалниот развој и ќе ја зајакнат довербата во институциите на локалната самоуправа.

Македонски








