Skip to main content

Израел, САД, Грција и Кипар формираат нов енергетски сојуз за спротивставување на Русија

pixabay

На самит на високо ниво во Атина, министрите за енергија од Израел, САД, Грција и Кипар ветија дека ќе ја продлабочат соработката во регионалната енергетска безбедност и инфраструктура, а воедно ќе ја намалат зависноста на Европа од руските ресурси.

Како што обајвија „Ynet“ и „Jerusalem Post“, Министрите заеднички ги осудиле напорите на официјална Москва „да ги избегне санкциите и да ја финансира војната во Украина“, ветувајќи диверзификација на изворите на енергија и зајакнување на врските меѓу „земјите со слични размислувања во регионот“. На состанокот, исто така, е одобрен Економскиот коридор Индија-Блискиот Исток-Европа (IMEC) како дел од пошироката стратегија за проширување на енергетските трговски патишта.

Израелскиот министер за енергетика, Ели Коен, изјави дека иницијативата ќе го позиционира Израел како клучен мост помеѓу Заливот и Европа, зајакнувајќи го неговиот статус како регионална енергетска сила. Дискусиите се фокусираа на развој на нов енергетски коридор што ќе ја заобиколи и јужната рута контролирана од Хутите и таканаречената „оска Иран-Русија“, вклучувајќи го и предложениот гасовод за извоз на гас од Израел до Кипар за испорака во Европа.

Следниот форум ќе се одржи во Вашингтон во средината на 2026 година за да се унапреди енергетскиот дијалог „3+1“ во Источниот Медитеран.

Според Коен, плановите за изградба на гасовод од израелските крајбрежни резервоари до Европа се „повторно на маса“ по години мирување. Тој за „Џерусалем пост“ изјави дека е постигнат „многу значаен напредок“ во проектот и дека САД сега се подготвени да ја преземат водечката улога. Предложената рута, која поминува низ Кипар и Грција, претходно беше одложена поради високите трошоци и техничките предизвици, но сега се обновува како дел од пошироките напори на Вашингтон за воспоставување алтернатива на руските и енергетските рути на Ансаралах и пониски цени за европските потрошувачи.

Поврзани вести