
По повод 25 години од албумот „Врати на имагинација“, рок бендот „Ареа“ синоќа одржа концерт во салата „Јане Сандански“ во Скопје Салата беше исполнета до последното место, а концертот се совпадна и со друг јубилеј- 25 години од големиот концерт на „Ареа“ на тогашниот Скопски саем. Многумина кои биле и на тој концерт, беа вчера 25 години потоа.
Иако беше одамна, концертот во 2000-та година на Саем ми остави големи впечатоци во сеќавањата, кои и сега ми се свежи. Знам дека имаше многу публика, а ние не го очекувавме тоа, некои од дојдените останаа пред врата зашто салата не собираше веќе. Ние иако интензивно се подготвувавме за концертот, огромниот интерес нѐ збуни. Атмосферата беше предобра, рече на прес конференција пејачката Ружица Милошеска Брчиоска.

На овој концерт, со оглед на искуството беа многу подобри на сцена. Ги свиреа песните од албумот „Врати на имагинација“ и се разбира, песни од останатите албуми.

Овој албум ги вклучува хитовите ,,Сите мои слики”, ,,Одведи ме”, ,,Пријател”, ,,Биди мој”…а, се разбира, ќе бидат изведени и сите останати хитови од Ареа кои ја одбележаа златната ера на македонската музика и со кои пораснаа и се’ уште растат многу генерации, рече Ружица Милошеска Брчиоска.
На концертот премиерно беше промовиран и посетителите можеа да го набават винилното ремастерирано издание на албумот „Врати на имагинација“, а сите кои го купија имаа можност да добијат потпис од бендот на официјален meet & greet.

Македонски







