
Во Салон 19:19 во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 19.19 часот концерт ќе одржат Лазар Соколов (саксофон) и Емилија Кабранова-Филипова (пијано).
Тие ќе изведат дела од Клод Болинг, Димитрије Бужаровски, Роџер Бутри, Јана Андреевска, Роберто Молинели и од Педро Итуралде. Концертот е спој на француска елеганција, медитеранска експресивност и современа македонска уметничка мисла.

Македонски






