Skip to main content

Ѓорѓиевски: Мециновиќ лажно се претставувал како политиколог, самиот потврди дека нема завршено високо образование 

Во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, гостуваше кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој се осврна на својот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ наведувајќи дека Мециновиќ потврдил дека нема завршено високо образование за политиколог како што се претставувал во јавноста изминатиот период.

Вие се претставувате во јавноста цел изминат период како тој во кој што треба да се идентификуваат младите, човекот којшто е високо образован, па вечерва дознаваме дека немате високо образование тоа е првата работа, втората работа дека сте дете на транзицијата, понатаму вие алудирате на тоа дека сте дете на транзицијата но вашите двајца родители работат во државни институции целиот свој живот, така да и тоа што го кажувате не кореспондира со ралноста“, изјави Ѓорѓиевски.

Поврзани вести