
Британската војска ја повикува владата да го сподели своето нуклеарно оружје со Германија.
Според пишувањето на „Телеграф“, Германија веќе води „стратешки разговори“ за ова прашање со Франција.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц навести дека е подготвен да разговара за можни договори со британскиот премиер Кир Стармер, наведувајќи ја наводната „критична“ закана од Русија како причина за такво нешто.
Покренувањето на прашањето за споделување на нуклеарно оружје доаѓа во услови на растечка загриженост дека САД би можеле да се откажат од одбраната на европските земји, додава британскиот весник.

Македонски








