
Што уште треба да се случи за некој конечно да преземе одговорност, прашува Димитар Богески преку статус на социјалните мрежи.
🌳 Огромно дрво падна веднаш до ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец – место каде секојдневно минуваат стотици дечиња. Како родител, не сакам ни да помислам на најлошото. Но токму затоа, моја и ваша должност е да алармираме гласно и јасно!
🚸 Ова не е изолиран инцидент.
🔹 Видовме деца како минуваат покрај необезбедено градилиште и под бетонска пумпа паркирана буквално пред влезот на ОУ „Песталоци“ во Буњаковец.
🔹 Само два дена пред првиот изборен круг, во ОУ „Гоце Делчев“ во Центар, имаше истекување на фекална канализација – директно во кујната каде што се подготвуваат оброците за децата 🍽️. Наместо да се затвори просторот, децата беа принудени да јадат во ходникот веднаш до кујната, изложени на неприфатливи здравствени ризици.
⚠️ Сето ова не е само негрижа – тоа е директна закана за животот и здравјето на нашите најмили.
🏫 Училиштето треба да биде храм на безбедност, место каде што децата се згрижени, заштитени и охрабрени да растат.
🧠 Безбедноста не е луксуз, туку основно право.
👨👩👧👦 Секој родител заслужува да го испрати своето дете на училиште без страв.
🔍 Институциите мора да реагираат навремено, а не дури по трагедија.
📢 Време е за системска одговорност, за инспекции што навистина делуваат, за општински служби што навистина служат.
💬 Граѓаните не бараат невозможни работи – бараат безбедни тротоари, чисти училишта и функционални јавни служби.
🛑 Доста беше од импровизации и затворање очи. Време е за будност, одговорност и грижа, пишува Богески.

Македонски








