Skip to main content

Притвор за разбојникот кој со пиштол ограби две филијали за брзи кредити во Скопје

Младиот скопјанец кој вчера беше приведен за вооружен грабеж на две филијали за брзи кредити, ги признал двете разбојништва.

МВР му поднесе кривична пријава, а судот му одреди 30-дневен притвор.

„На 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари. Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата“ соопшти МВР.

Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.

Откако ги извршил двата грабежи тој го фрлил пиштолот во реката Вардар и побегнал. По настанот, осомничениот извесен период бил недостапен за полицијата бидејќи избегал во Хрватска.