Skip to main content

Жена пешак загина на раскрсницата на „Партизанска“ и „Рузвелтова“

Скопјанка им подлегна на тешките повреди здобиени откако во неа удри автомобил управуван од 30-годишник.

Вчеравечер во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30), удрило во В.М.(72), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести