Skip to main content

Зајакната соработка меѓу АНБ и НАТО Канцеларијата за безбедност

АНБ

Размената на информации, стратешката доверба и заедничкото планирање на безбедносните активности, како предуслов за ефективно справување со современите безбедносни ризици се дел од темите кои денеска биле разговарани на средбата меѓу директорот на Агенцијата за национална безбедност АНБ, Бојан Христовски и директорот на Канцеларијата за безбедност на НАТО, Гејлен Нејс во Скопје.

Како што соопштија од АНБ на средбата се дискутирало за повеќе теми од заеднички интерес, со посебен акцент на тековните процеси на модернизација и дигитализација на АНБ, кои се спроведуваат во согласност со НАТО стандардите. Разговорите биле и во насока на потребата од адаптација на националните безбедносни капацитети кон новите глобални предизвици, особено во контекст на брзиот технолошки развој и искуствата од актуелните безбедносни кризи.

Двете страни ја потврдиле својата определба за продлабочување на соработката и координацијата, со цел унапредување на заедничките капацитети и зголемување на оперативната подготвеност. Како што беше истакнато, единството на Алијансата претставува нејзино најсилно оружје, а стабилна и силна Алијанса е гаранција за безбедноста и стабилноста на сите нејзини членки.

Поврзани вести