
Украинските власти наредија евакуација на цивили од повеќе населени места во источниот регион Харков, поради „влошување на безбедносната ситуација“ и напредувањето на руските сили во градот Купјанск.
Гувернерот на Харков, Олег Синехубов, соопшти дека евакуацијата опфаќа 40 населени места.
Купјанск е стратешки важен град поради својата локација и транспортните врски. Неколку околни градови веќе се евакуирани, додека руските сили полека напредуваат кон запад.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски на крајот од септември ја опиша ситуацијата долж фронтот кај Купјанск како „тешка“.