Почина Февзи Арифи, возачот во ЈСП, кој во јули со двокатен автобус се качи на жардиниера кај ТЦ „Мавровка“, објави „Скопје1“.
Арифи тогаш јавно кажа дека на терен ЈСП пушта неисправни автобуси, што имаше значителен одек во јавноста.
Според порталот, колеги на Арифи велат дека ќе го паметат како професионалец и сведочат дека бил под стрес по несреќата, за која тој објаснуваше дека се случила поради тоа што откажал воланот.
Дел од колегите посочуваат дека за Арифи обвинувањата дека бил виновен за несреќата била силна траума.
Обвинителството издаде насоки да се направи вештачење за тоа дали автобусот бил исправен, но досега нема информации какви се резултатите.