Skip to main content

Мисајловски во Брисел: Македонија има јасен план за раст на инвестициите во одбраната и остануваме целосно посветени на придонесот кон колективната безбедност

Денеска, во Седиштето на НАТО во Брисел, учествувам на состаноци на Северноатлантскиот совет, заедно со колегите, министри за одбрана од сите сојузнички земји, напиша на фејсбук профилот министерот за одбрана Валадо Мисајловски.

На денешниот прв состанок, заеднички ја потврдивме нашата посветеност и определбата кон колективната безбедност односно за имплементација на обврските преземени на Самитот на НАТО во Хаг во јуни, да продолжиме да инвестираме во одбраната и да ги развиваме нашите одбранбени капацитети.

Во своето обраќање истакнав дека Македонија има јасен план за раст на инвестициите во одбраната и остануваме целосно посветени на придонесот кон колективната безбедност, додека македонската Армија засилено ја опремуваме и модернизираме.

Даваме целосна поддршка на напорите за зајакнување на способностите на Алијансата за одбрана и одвраќање, како и заштитата на секоја сојузничка територија.

Поврзани вести