Skip to main content

ЈПДП врши санација на потпорен ѕид на потпатник на скопската обиколница

ЈПДП

Поради покажани деформации и пукнатини на потпорен ѕид на еден потпатник на скопската обиколница на државниот пат А2, Јавното претпријате за државни патишта презема активности за нивна санација. Овие состојби најверојатно се настанати поради неефикасна дренажа која доведува до заситување со вода од насипот, особено по обилни врнежи, информираат од претпријатието.

Увид во работите извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски со неговиот тим, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и пратеникот Бојан Стојаноски.

Согласно со проект предвидено е репроектирање на површинскиот канал за насочување на водата кон пропустот; чистење на постоечкиот пропуст; реконструкција на централната дренажа во телото на патот; реконструкција на левата дренажа; отстранување на постојната, вклучително и шахтите, и поставување нова линија со цевки; реконструкција и рехабилитација на коловозната конструкција; санација на пукнатини на крајниот столб на потпатникот со инектирање; изведба на дополнителни барбакани за дренажа на водите од телото на насипот, итн., велат од ЈПДП.

Изведувач на работите е ВАТО, а Надзор е ГЕИНГ. Договорната вредност на проектот со 18%ДДВ е 18.486.234,00 денари.

За време на изведбата на градежните активности за санација во траење од 12 месеци од страна на Министерството за транспорт и од МВР одобрен е времен режим на сообраќај.

Поврзани вести