
Обинителството покрена постапка против 19-годишник осомничен за кражби на велосипеди, електрични тротинети и мопед во центарот на Скопје.
Тој за помалку од 20-тина дена извршил четири тешки кражби со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства и да ги одземе.
На 28 септември осомничениот украл и мопед вреден 60.000 денари. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.