Skip to main content

Ердоган ја „искара“ Мелони: Морам да те натерам да престанеш да пушиш

На маргините на мировниот самит за Газа, одржан во Египет, камерите забележаа кратка, но духовита размена меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, италијанската премиерка Џорџа Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон.

Со широка насмевка, Ердоган ѝ се обрати на Мелони:


Изгледаш прекрасно, но морам да те натерам да престанеш да пушиш“.

Без двоумење, Макрон се вмешал во разговорот со коментар:
„Тоа е невозможно!“

Мелони, пак, со ироничен тон возвратила:


Знам, знам. Не сакам никого да убијам“.

Сцената брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците ја оценија како симпатичен пример за неформална и пријателска комуникација меѓу лидерите.

Инаку, италијанската премиерка неодамна откри во интервју-збирка дека повторно почнала да пуши по повеќе од една деценија пауза. Таа тогаш призна дека, иако станува збор за лоша навика, цигарите понекогаш ѝ помогнале да воспостави поприроден контакт со други политичари – меѓу кои го спомна и тунискиот претседател Каис Саид.

Поврзани вести