
Општина Карпош и Град Скопје сериозно ќе се зафатат и со изградба на нов мега парк. Сотир Лукровски, кандидатот за градоначалник, во интервјуто за „Република“ вети дека овој парк ќе понуди многу содржини за жителите на Карпош но и за цело Скопје.
Тој ќе биде по течението на Лепенец каде што се слева во Вардар.Паркот ќе се протека низ Бардовци, Злокуќани и кон Влае. Ќе има најразлични содржини како што е картинг патека по европски стандарди. Голфот е една интересна идеја, а заинтересирани се и дипломатите да помогнат со средства и да снесеме нова содржина во Скопје. Се планира и ботаничка градина во центалниот дел на паркот со медитерански и автохтони растенија но да биде и од едукативен карактер објаснува Лукровски за „Република“.