Како резултат на светските трендови и растечката побарувачка за нови инвестициски продукти, УНИБанкаАД Скопје започнува со продажба на инвестициско сребро. Со ова Банката го проширува својот асортиман на производи од благородни метали. Покрај инвестициското злато, ќе започне со продажба и на сребрени плочки и монети. Истите се ковани од светски признати рафинерии,односно ковачници,кои ги исполнуваат високите меѓународни стандарди за чистота и квалитет,пропишани од London Bullion Market Association која е овластен светски регулаторен авторитет за благородните метали.
Достапни се сребрени плочки со различни тежини, како и сребрени монети со врвни дизајни, сите првокласни сребрени продукти со највисока чистота (999.9/1000). Со ова се обезбедуваат различни и флексибилни опции за инвестирање, како за помали инвеститори така и за искусни трговци на благородни метали.
Освен тоа сребрените монети се одличен подарок за новогодишните празници и совршено се вклопуваат како дел од бадниковото лепче. Тие носат симболика на среќа, здравје и просперитет за новата година. Ова е подарок што ќе остане како вреден и убав спомен, додавајќи магија и традиција во празничниот период.
Среброто има пониска цена од златото што го прави подостапно и за помалите инвеститори, а истовремено ги овозможува сите инвестицискипридобивки, како што се зачувување на богатството, заштита од инфлација и можност за креирање на диверзифицирано портфолио.
За среброто во светот веќе одамна постои голема побарувачка, што го прави интересна инвестициска опција. Среброто се користи и има побарувачка во брзорастечките индустрии како електрониката, производството на електричните автомобили, сончевите колектори како и во медицината, многу веројатно е дека неговата вредност ќе расте континуирано и дека инвестирањето во сребро беше, денес е, а и во иднина ќе е паметна, сигурна и оправдана инвестиција, со потенцијал за долгорочен раст на вредноста и креирање на значителен принос за инвеститорите.
Среброто ќе овозможи рамнотежа во однос на другите инвестициски инструменти како што се акциите, обврзниците, дури и во однос на златото. Важно е да се истакне дека отсега инвестирањето во сребрените плочки и монети ќе е лесно и сигурно, а нашите вработени ќе обезбедат едноставен, безбеден и сигуренпроцес на купување за клиентите”, – изјави Ѕвонко Станковски, Директор на Дирекцијата Трежри, одговорен за тргувањето со благородни метали во УНИБанка АД Скопје.
Со воведување на инвестициското сребро како втор благороден метал, УНИБанка продолжува да биде лидер во обезбедувањето разновидни и сигурни опции за инвестирање за своите сегашни и идни клиенти.
Како и сите благородни метали, среброто има ограничена достапност, односно лимитирани залихи така што најдобро е да се купи сега пред да се зголемат цените поради зголемената индустриска побарувачка или поради други пазарни фактори.
Многу инвеститори во услови на инфлаторни движења и глобална политичка и економска неизвесност бараат креирање на сигурно и разновидно портфолио кое вклучува повеќе видови благородни метали. Ова го прави инвестициското сребро природен следен чекор за инвеститорите конподобрувањеи диверзифицирањена инвестициското портфолио на благородни метали.
Банката со својата веќе докажана експертиза на пазарот на благородни метали, посветената поддршка на клиентите и ефикасниот процес на купувањеи во иднина ќе обезбедува за своите клиенти сигурен, ефикасен и доверлив пристап до физички достапни инвестициски материјални средства, можност да го заштитат своето богатство и да креираат потенцијал за иден раст.