Skip to main content

„Дупер ѕвезда“ е новата песна на „Дупер“: Нешто ново, а сепак толку добро познато што не сме го слушнале одамна

Поп дуото „Дупер“, вчера ја објави својата најнова песна „Дупер Ѕвезда“, која веќе на прво слушање плени со својата мелодична привлечност, носталгија и визуелен стил кој со себе носи нешто ново – но и нешто добро познато.

„Сакам да бидам богат и славен
за мене на сите да зборуваат,
сакам да бидам, јас сакам да сум супер ѕвезда
по мене сите да лудуваат…“

Ако ви звучи познато и веднаш го потпевнавте – не сте сами. Во песната е вметнат познатиот заразен рефрен од култното детско шоу и фестивал „Супер Ѕвезда“, каде токму Дарко Мијалковски ја изведе оваа песна која стана омилена химна на многу генерации.

Зад песната стои добро познатиот тим:

Музика и текст: Борис Какуринов, Илчо Нечовски и Дарко Мијалковски
Аранжман: Борис Какуринов
Микс и мастеринг: Андреј Николов и Димитар Николов
Бас: Дарко Фотиновски