Skip to main content

Демир: Шуто Оризари ќе ја направиме подобро место за живеење, чиста и средена општина затоа гласајте за број 9 

Ерџан Демир, кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата на денешниот митинг во Шуто Оризари во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! се осврна на проектите планирани за општината.

„Другите велеа дека Шуто Оризари мал Парис ќе го направат, а шајка не заковаа, засадија палма и мислеа општината Дубаи ја направија. Ние сме поинакви тоа што го кажуваме тоа и го реализираме“, кажа Демир.

Како што рече кандидатот за градоначалник Демир, Шуто Оризари е дел од Скопје и затоа треба да биде средено.

„Во иднина заедно со градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе направиме Шутка да биде средена, да нема смет. Целата општина ќе биде средена, општината ќе биде подобро место за живот“, рече Демир.

Тој повика на изборите кои се закажани на 19 октомври граѓаните треба да излезат и да се определат, да гласаат за број 9, за подобро Шуто Оризари.

Поврзани вести